12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Средношколски игри на Средно Водно

На Средно Водно во Скопје, од 10 до 13 часот, во организација на ЗГ „Сфера“ Скопје, под слоганот „Заедно во природа“ ќе се реализира шестото издание на „Средношколските игри“, манифестација од забавен и натпреварувачки карактер за ученици од средните училишта на Град Скопје.

Манифестација која ќе вклучува различни активности (крос, натпревари во знаење, уметнички вештини, еко игри, забава…) има за цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје. На еднодневните игри ќе бидат вклучени ученици – натпреварувачи, наставници, директори, комисии, компании, но и останати ученици, родители, гости, посетители.

Натпреварувачкиот дел од игрите трае од 10 до 11 часот, а од 12 часот ќе се прогласуваат и доделуваат наградите за најдобрите ученици по активности. Од самиот настан, учениците ќе испратат порака за поттикнување на здрав живот и почесто движење во природни средини, толеранција и заедништво меѓу младите, непотпаѓање на пороците дрога и алкохол, и ширење позитивни искуства со своите врсници.

Средношколските игри е проект за анимација на средношколската младина во градот Скопје заради зачувување на нивното здравје, заради развивање на нивниот спортски и натпреварувачки дух, нивните психофизички, мисловни активности, заради споделување знаење, искуства, заради дружење со врсниците во природа, заради развивање и подобрување на сопствената личност, но и позитивно влијание врз другите. Сите овие активности имаат за цел и развивање на толеранција, почитување на другите (без разлика од која етничка и на која општествена група потекнуваат, од кое училиште доаѓаат)./Makfax

Спонзорирано: