11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕУ ќе отстрани две земји од црната листа на даночни засолништа

Според еден официјален документ, Европската Унија ќе ги отстрани Обединетите Арапски Емирати и Маршалските Острови од својата црна листа на даночни засолништа. Измените ќе стапат во сила на 10 октомври, пренесува „Спутник“.

Во исто време Швајцарија ќе ја напушти сивата листа бидејќи ги исполни своите обврски кон Брисел во согласност со поставените стандарди.

Кон крајот на 2017 година Брисел објави црна листа на некооперативни јурисдикции, кои не прават доволно за да се справат со затајувањето данок и за борбата против перењето пари, и сива листа на земји, кои не се доволно транспарентни за да ги почитуваат регулативите на ЕУ.

Црната листа првично вклучуваше пет некооперативни даночни јурисдикции, но подоцна на списокот се најдоа 15 земји: Самоа, Тринидад и Тобаго, Американска Самоа, Гуам, американските Девствени Острови, Аруба, Барбадос, Белизе, Бермуда, Доминика, Фиџи, Маршалските Острови, Оман, Обединетите Арапски Емирати и Вануату./Makfax

Спонзорирано: