7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

По 500 евра за спортски активности за секој жител

Луксембург е земја членка на ЕУ што троши најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани, дури 492 евра по жител, додека Хрватска и Бугарија со 13 и 16 евра по лице, се земји со најниски тошоци за рекреативни содржини, објави „Евростат“.

Канцеларијата за статистика на ЕУ соопшти дека податоците од 2017 година укажуваат оти вкупно 51,3 милијарди евра биле потрошени за рекреација и спорт од страна на земјите на Унијата, односно нивните локални власти и социјалните системи.

Во поглед на трошоците на спортски активности во однос на процентот од бруто-домашниот производ, Унгарија е на врвот на табелата со 2,5 проценти од БДП.

Земји од еврозоната кои најмногу трошат за спортски активности, како и претходните години се скандинавските држави и земјите од Бенелукс. Само три земји издвојуваат повеќе од 200 евра по жител: Луксембург, Шведска и Финска.

Спонзорирано: