7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Париз: Убиството на полицајците засега без назнаки на тероризам

Француската влада денеска соопшти дека ништо не укажува оти административниот работник во полициската станица во Париз, кој со нож уби четворица колеги пред да биде застрелан, бил радикализиран.

Портпаролката на француската влада, Сибе Недијај, изјави дека обвинителството започнало истрага заснована врз факти кои во оваа фаза не вклучуваат тероризам.

Француските медиуми претходно објавија дека напаѓачот го прифатил исламот како своја вероисповед пред 18 месеци, пренесе агенцијата АП.

Неговата сопруга во полиција кажала дека нејзиниот сопруг, кој бил глув, имал визии и неповрзано разговарал ноќта пред нападот.

Нападот се случи вчера во полициска станица во близина на катедралата Нотр Дам, а местото на настанот го посетија и францускиот претседателот, Емануел Макрон и премиерот Едуард Филип./Makfax

Спонзорирано: