19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Огромна лебдечка направа започна да го чисти пластичниот отпад во Пацификот

Огромна лебдечка направа дизајнирана од холандски научници за чистење на „островот“ на отпад во Пацификот, за прв пат успешно почна да собира пластика и друго ѓубре од океанот.

„Островот“ на отпад во најголемиот океан во светот, Пацификот, сега зафаќа површина трипати поголема од Франција, пренесува „Гардијан“.

Авторот на проектот „Оучен клинап“, Бојан Слат, на Твитер напиша дека пловечката направа, со должина од повеќе од 600 метри, успешно ја извршила својата прва операција за чистење отпад во Пацификот.

Направата може да собере отпад со различна големина, од отфрлени мрежи и тркала на возила до мали парчиња пластика./Makfax

Спонзорирано: