12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хонг Конг им забрани на демонстрантите да носат маски, им се заканува и казна затвор

Лидерката на Хонг Конг им забрани на демонстрантите да носат маски за да го скријат својот идентитет, заострувајќи го ставот на владата против неколку месечните демонстрации. За оние кои што нема да ја почитуваат забраната им се закануваат казни казвтор до една година.

Употребата на овој тип безбедносни правила од страна на Кери Лам се случува првпат од немирите во Хонг Конг во 1967 година, а ѝ овозможува да ги заобиколи градските законски процедури.

Лам вели дека одлуката ќе стапи во сила в сабота.

Повеќето лица кои протестираат носат маски за да го сокријат идентитетот.Предложената законска мерка следи по судирот меѓу продемократските демонстранти и специјалните сили на Хонгконг во вторникот, кој го засени одбележувањето на 70 години од уредувањето на Комунистичката партија во Кина.За време на насилството во вторникот, 18-годишен студент беше застрелан од полицијата, и се товари за насилство со можна затворска казна од десет години.Надлежните велат дека пукањето било оправдано оти полицаецот бил исплашен за безбедноста на неговиот живот./Makfax

Спонзорирано: