5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тројца пратеници ќе го набљудуваат процесот на ветинг во МВР

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата и предлог – планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи и го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените. Потоа преку претседателот на Собранието да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи.

Планот го изработи Работната група, во која покрај претставници на Министерството, учествуваат и претставници на академската заедница, Македонскиот полициски синдикат, ОБСЕ, Амбасадата на САД, како и претставници од невладиниот сектор./Макфакс

Спонзорирано: