3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил прегази пешак кај Виница

Осумдесетидвегодишен маж од виничкото село Грлјани вчера почина, откако во него удри автомобил на локалниот пат с.Јакимово-Виница. Несреќата се случила на влезот на просторот за паркирање на возила, а возилото го управувал М.Ј.(29) од с.Лаки, виничко.

Во незгодата М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар Штип, каде околу 18.50 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Виница. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција./Makfax

Спонзорирано: