9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

22-годишник крадел алат и моторни пили од подруми низ Скопје

Дваесет и двегодишно момче крадело алат и моторни пили од подруми и гаражи од куќи низ Скопје. Против него е поднесено обвинение за тешка кражба.

„Обвинетиот, на 27 и 28 септември, најпрвин, од подрумска просторија во една куќа на улицата Карл Хрон во Скопје одзел алати и други предмети во вкупна вредност од 24.530 денари. Потоа обвинетиот 22-годишен скопјанец од подрум во куќа на улица Маџари украл моторна пила за сечење дрва вредна 30.000 денари, а од гаража на улицата Перо Наков украл моторна пила и бакарни шини во вкупна вредност од 34.000 денари“, соопштија од скопското обвинителство.

Ценејќи дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетиот, а особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице кое претходно е осудувано за кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор, со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка./Makfax

Спонзорирано: