11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Австралиски тинејџер прегазил 20 кенгури со автомобил, му се закануваат 5 години затвор

Австралиската полиција уапси 19-годишник под сомнение дека со својот автомобил прегазил повеќе од 20 кенгури.

Телата на мртвите животни, меѓу кои и младенчиња, биле пронајдени расфрлани низ улиците на градот Тур Бич, кој се наоѓа 540 километри јужно од Сиднеј.

Тинејџерот е уапсен и обвинет за мачење и суровост кон животните. Според новите австралиски закони, суровоста кон животните се казнува со казна затвор до пет години и со парична казна од 15.000 американски долари.

Спасувачите на дивиот свет кажаа дека тоа е трагедија и дека жителите ги пронашле мртвите животни на своите тревници кога се разбудиле наутро. Од организацијата Wildlife Information, Rescue and Education Service соопштија дека биле спасени три младенчиња.

Спонзорирано: