13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп предложил на мигрантите да им се пука во нозете

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предложил да им се пука на мигрантите во нозете за да ги забави во обидот да ја преминат јужната граница, се наведува во новата книга напишана од двајца новинари на „Њујорк тајмс“, која ќе биде објавена на 8 октомври.

Според напишаното во книгата, Трамп на своите соработници им предложил екстремни методи за заплашување на мигрантите за да ги спречат да ја преминат јужната граница. Меѓу другото, им предложил изградба на електрифициран шилест граничен ѕид и мочуриште со змии и алигатори.

„Ме правите да изгледам како идиот“, им рекол Трамп на соработниците за време на состанокот кога тие не се согласиле со неговите предлози.

Меѓу присутните на состанокот била и тогашната државната секретарка за државна безбедност, Кирстен Нилсен, и тогашниот советник, неговиот зет Џарет Кушнер, кои го напуштиле состанокот во паника.

Книгата Border Wars: Inside Trump’s Assault on Immigration, напишана од страна на новинарите Мајкл Шар и Џули Дејвис, е заснована на интервјуа со повеќе од десетина неименувани функционери, а ја објави „Њујорк тајмс“.

Градењето ѕид на границата со Мексико е една од главните цели на политиката на Трамп. За изградбата на ѕидот Пентагон издвои 3,6 милијарди американски долари. Белата куќа не ги коментира последните извештаи.

Спонзорирано: