11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени 4 жртви од уривањето на мостот во Тајван, се бараат уште две

Спасувачките екипи на Тајван откриле тела на четири лица, а бараат уште двајца кои се пријавени како исчезнати, откако голем мост паднал на чамци за риболов.

Несреќата се случила вчера кога се урнал мост долг 140 метри во пристаништето во североисточниот дел на Тајван, пренесува АП.

Националната агенција за пожари соопшти дека идентификувала две жртви како индонезиски државјанин, една како државјанин на Филипини, додека четвртата не е идентификувана.

Тајванската војска подигна лебдечки платформи за да им се олесни на работниците да ги отстранат остатоците од мостот и за да можат да ги извлечат чамците од под урнатиот мост.

Вчера беше изваден еден брод.

Според властите, жртвите биле индонезиски и филипински државјани кои работеле на чамците за риболов.

За време на падот на мостот, десет лица се пренесени во болниците со повреди, вклучително и возачот на камион со нафта кој се наоѓал на мостот во моментот на уривањето.

Засега не е познато што предизвикало уривање на мостот.

Спонзорирано: