12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

План за брегзит: Северна Ирска во посебени односи со ЕУ до 2025

Според новиот план за брегзит на британскиот премиер, Борис Џонсон, Северна Ирска ќе остане во посебни односи со Европската унија до 2025 година, објави весникот „Телеграф“.

Според планот што треба биде објавен денес, Северна Ирска во голема мерка ќе остане во единствениот пазар на ЕУ најмалку до 2025 година, но покраината би ја напуштила Царинската унија на ЕУ заедно со остатокот од Велика Британија, се вели во извештајот.

Демократската унионистичка партија на Северна Ирска (ДУП) главно е задоволна од предлозите, објави „Гардијан“, додавајќи дека планот го поддржал лидерот на ДУП, Арлен Фостер.

Ирскиот министер за надворешни работи, Симон Ковеј, пак рече дека предлозите нема да обезбедат основа за договор со Европската унија и дека се „загрижувачки“.

Како што беше најавено, Џонсон денеска треба да ја објави својата конечна понуда за брегзит, но и ќе му соопшти на Брисел дека освен ако ЕУ не се согласи, Велика Британија нема понатаму да преговара и ќе ја напушти Унијата на 31. октомври без договор.

Спонзорирано: