18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 1.600 луѓе загинаа во монсунските дождови во Индија

Повеќе од 1.600 луѓе загинаа од јуни досега поради монсуснките дождови во Индија. Оваа година се забележани најобилни дождови во последните 25 години.

Исто така, во монсунските дождови и другите несреќи поврзани со нив, од јуни до 29 септември загинаа 1.673 лица, објави „Хиндистан тајмс“. Податоците покажуваат дека за време на сезоната на монсуните, која трае од јуни до септември, евидентирани се 10 проценти повеќе врнежи од дожд во однос на просекот во последните 50 години.

Најголем број смртни случаи поврзани со последиците од монсунските дождови се забележани во Махараштра, каде што загинаа 371 лице. Најчеста причина за смртните случаи поврзани со монсунски дождови е уривање sидови и објекти.

Спонзорирано: