18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се лицемерни, бараат пари за промена на опашка на бик, а се потпишуваат на амандмани под уставното име Република Северна Македонија

ВМРО-ДПМНЕ свесно манипулира со решеното прашање за името а од друга страна потпишува амандмани под уставното име, што само го докажува лицемерието во опозицијата, посочи Костадин Костадинов, член на Извршниот одбор на СДСМ при вечерашното гостување во дебатната емисија “Само Вистина” на телевизија Канал 5.

-Крајно лицемерно е од страна на опозицијата која трошеше пари на лажен барок, палми, споменици и згора на се поднесува амандмани за промена на опашка на споменик бик, да зборува за државни интереси, а воедно секојдневно се потпишува под уставното име Република Северна Македонија – истакна Костадинов.

Додека ВМРО-ДПМНЕ тоне политички и шири лажни вести, СДСМ секојдневно е помеѓу граѓаните и на страната на граѓаните. За нас Зборот важи, заклучи Костадинов.

Спонзорирано: