12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција бара од ЕУ поголема финансиска помош за Турција за мигрантите

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, побара од Европската Унија да ја зголеми финансиската помош за Турција за да ѝ помогне да се справи со приливот на мигранти.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се закани дека ќе ги протера бегалците ако меѓународната заедница не ја зголеми финансиската помош. Повеќе од 3,6 милиони Сиријци се сместени во Турција.

„Мене ми е јасно дека ни треба нов договор“, рече Мицотакис во Њујорк обраќајќи се во Истражувачкиот центар на Советот за надворешни односи.

Европската Унија во 2016 година се обврза дека ќе ѝ даде на Турција околу шест милијарди евра за подобро да се справи со приливот на мигранти што минуваат преку нејзината територија на патот кон Западна или Северна Европа.

Мицотакис оцени дека договорот е подложен на силен притисок.

„Турција треба да се обврзе на почитување на договорот, а ЕУ треба да признае дека Турција прими неколку милиони бегалци и затоа треба да добие дополнителна финансиска помош за следните години“, рече грчкиот премиер.

Спонзорирано: