17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште една жртва на семејно насилство во Србија – сопругата ја прободел директно во срце, па се обесил FacebookTwitterViberMessenger

Драган Василјковиќ, механичар од Бела Паланка, ја убил сопругата Тања ден пред нивниот официјален развод. После злосторството си пресудил и себеси.

Крвавата серија стравични насилства над жените во Србија е продолжена со свирепо убиство на 46-годишната Тања Василјковиќ, која завчера во семејната куќа во Бела Паланка со нож ја убил нејзиниот 52-годишен сопруг Драган, кој потоа извршил самоубиство.

Како што пишува Курир.рс, Драган на Тања ѝ забил нож во срцето, после што се обесил во домот.

Драган и Тања биле со години во брак, а пред извесно време таа го напуштила. Меѓутоа , тој никако не можел да се помири со нејзиното заминување, па ја молел да се врати. Патолошки бил врзан за неа, веле дека многу ја сака и не може да го замисли животот без неа. После долготрајно инсистирање, Тања одлучила да му се врати, да се обидат да го обноват бракот.

Но, повторно почнале проблемите, а Драган бил премногу љубоморен. Затоа, таа се одлучила да стави крај на нивниот заеднички живот. Поднела барање за развод, а вчера требало во судот да се потпишат документите. Драган со тоа не се согласил, па затоа и ја убил.

Нивните безживотни тела, во вторникот во околу 18 часот ги пронашол братот на Тања.

Тања и Драган зад себе оставиле две возрасни ќерки и внучиња.

Тања е 20. жена која од почетокот на оваа година е убиена во семејно насилство во Србија.

Спонзорирано: