Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Поголема флексибилност за извоз и увоз на добиток договорија Димковски и неговиот албански колега

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, заедно со државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику, денеска во Тирана одржаа работен состанок со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој, Бледи Чучи.

Како што информираат од ресорносто министерство, на состанокот се разговарало за започнатите заеднички проекти како и за унапредување на трговската размена и можностите за дополнителна билатерална соработка.

„Како идни области за соработка министерите ги посочија размената на националните прописи и усогласување на листи на штетни организми, растенија, растителни производи, заемно признавање на лабораториските анализи од акредитирани/овластени фитосанитарни лаборатории, усогласување на фито-контролите на готови производи и поголема флексибилност во делот на извоз и увоз на добиток. Воедно, се заклучи дека е потребна изработка на планови за итни мерки во случаи на откривање на карантински штетни организми и размена на искуства, информации и знаења помеѓу надлежните органи од фитосанитарната област на двете страни“, се наведува во соопштението на министерството за земјоделство во врска со средбата.

Министрите Димковски и Чучи воедно се договориле да се интензивира соработката на формираната работна група од двете министерства и заеднички да се работи на системска контрола во самото менаџирање со рибниот фонд во Охридското и Преспанското Eзеро.