20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарија пресретна авион во својот воздушен простор

Воен авион на унгарските вооружени сили денес пресретнал авион во воздушниот простор на земјата, пренесува МТИ повикувајќи се на унгарското Министерство за одбрана.

Според министерството, авионот летал под знамето на Кајманските Острови од Абу Даби до Лондон.

Министерството додава дека авионите не успеале да остварат контакт со цивилна контрола на летање и дека Интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО ги известил унгарските воздушни сили.

Унгарскиот авион „Грипен“ го пресретнал авионот додека бил на вежба и го придружувал од унгарскиот воздушен простор до Словачка, се вели во соопштението.

Спонзорирано: