5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи во Њујорк: Именувањето на Палмер е знак дека Вашингтон се посветени на мирот на Балканот

Косовскиот претседател Хашим Тачи во Њујорк разговараше со помошник-државниот секретар на САД, Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, за последните политички случувања на Косово, соопштија од кабинетот на Тачи.

Тачи во рамки на средбата го поздравил недамнешното именување на Палмер на оваа позиција.

„Тоа е знак дека Вашингтон останува посветен на мирот и напредокот на Западен Балкан. Тоа нам, од друга страна, ни пружа гаранција и вера во процесот на дијалогот со Србија и во евро-атлантската иднина на земјата и регионот“, изјави Тачи.

Спонзорирано: