Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Израел уапси палестински министер

Израелската полиција соопшти дека уапсила палестински министер задолжен за Ерусалим, поради активности во источниот дел на тој град.

Министерот Фади ал Хадами е обвинет дека го прекршил законот на основа на кој на Палестинската управа, чие седиште е на окупираниот Западен Брег, ѝ е забранета политичката активност во Ерусалим.

Полицискиот портпарол Мики Розенфелд изјавил дека Ал Хадами е притворен рано утрото. Ал Хадами за истите обвиненија бил уапсен и во јуни.

За истиот прекршок е обвинет и гувернерот на Ерусалим, Аднан Геит, кого го постави Палестинската управа.

Loading…


Во тренд…