Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Ирска гранични контроли во случај на Брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека на ирската граница ќе бидат воспоставени гранични контроли доколку Британија го напушти европскиот блок без договор.

Јункер за „Скај њуз“ изјави дека ЕУ мора да обезбеди зачувување на интересите на Европската унија и внатрешниот пазар.

„Мораме да ги чуваме здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, рече тој.

Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври.