10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој се наоѓа во притвор.

Тој беше уапсен на 15 јули годинава и оттогаш е во притвор, заедно со второосмоничениот во случајот, Зоран Милевски – Кичеец.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ ќе дава во вторник.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Спонзорирано: