18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Рохани најавува план за безбедност во регионот

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, најави дека Техеран ќе претстави план со кој во соработка со другите земји од регионот ќе се обезбеди сигурност во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец.

Тој предупреди дека нема да дозволи никој да ги наруши границите на земјата, но додаде дека Техеран им подаде рака на пријателство на сите соседи, пренесе „Ројтерс“.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американски сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена рафинерија, за што го обвинува Иран. Техеран негира вмешаност во нападот, а одговорност презеде бунтовничката група Хути во Јемен.

Спонзорирано: