18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео: Распоредувањето нови трупи во заливот е поради одбрана

Распоредувањето дополнителни трупи во заливскиот регион е наменето за „одвраќање и одбрана“, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој додаде дека целта на САД е да се избегне војна со Иран.

Во изјава за „Фокс Њуз“, тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп би презел акција ако таквите мерки за одвраќање не успеат и оти иранските власти „тоа многу добро го сфаќаат’.

Трамп во петокот одобри распоредување американски сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот на саудиската нафтена рафинерија за која го обвинува Иран.

Техеран негираше вмешаност во нападот, а одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути.

Спонзорирано: