9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силна експлозија на факултет во Белград, пукнал ладилник со хемикалии

На Технолошкиот факултет во центарот на Белград, синоќа, околу еден часот по полноќ, одекнала силна експлозија по што избувнал пожар.

Како што пренесуваат српските медиуми, во експлозијата нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

Експлозијата се случила во лабораторијата по органска хемија, просторија од 150 квадратни метри. Според информациите, во кабинетот експлодирал ладилник со хемикалии, чиј мотор се прегреал.

Пожарникарите бргу интервенирале и успеале да го локализираат пожарот, а полицијата ги блокирала околните улици.

Последните новости укажуваат дека факултетот од утрово нормално работи и нема опасност од испарување иако претходно некои медиуми објавија дека има висока концентрација на штетни гасови во објектот.

Спонзорирано: