23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп. Како што се наведува, Пентагон ќе му претстави широк спектар на воени опции, а меѓу нив е и список со потенцијални цели за воздушни напади во Иран.

Трамп исто така ќе биде предупреден дека воена акција против Исламската Република може да ескалира во војна, изјави неименуван американски функционер.

Состанокот, најверојатно, ќе биде прва шанса за донесување одлуки за тоа како САД ќе одговорат на нападот врз нивниот клучен блискоисточен сојузник, коментираат светските агенции.

Спонзорирано: