7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Намерно ја пресекол водоводната цевка со пила и го оставил селото без вода

Месната заедница Кушиќи во општина Ивањица, Србија, неколку дена била без вода бидејќи, како што се сомневаат, некој намерно ја пресекол главната водоводна цевка со пила, односно бонсек.

Од каприц или од лична одмазда, непознато лице на 35 степени ги оставило без вода децата во училиштето, туристите во хотелот и сите жители на оваа месна заедница.

Локалната самоуправа и комуналното претпријатие од Ивањица дошле на помош, лоцирано е „местото на злосторството“, цевката е споена, а во меѓувреме жителите добиле цистерни со вода за пиење.

Полицијата излегла на терен за да го испита случајот.

Спонзорирано: