9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велика Британија има уште 12 дена за да ги претстави своите планови за брегзит пред ЕУ

Борис Џонсон има 12 дена за да ги претстави своите планови за брегзит пред Европската унија, вели финскиот премиер Анти Рине.

Тој изјави дека заедно со францускиот претседател Емануел Макрон се согласиле дека е неопходно Велика Британија да достави предлози писмено до крајот на септември, додавајќи дека ако тоа не го направат „тогаш е готово“.

Финска во моментов го има ротирачкото претседателство на ЕУ, потсетува Би-Би-Си.Извор од Даунинг стрит вели дека ќе продолжат со преговорите и ќе дадат предлози во соодветно време. Џонсон изјави дека е можен договор на клучниот самит на ЕУ на 17 октомври, но инсистираше на тоа дека Брегзит ќе се случи до крајниот рок на 31 октомври, дури и ако не биде постигнат договор.

Спонзорирано: