20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судот ги ослободи раководителите на Фукушима

Јапонскиот суд донесе пресуда дека тројцата поранешни директори на компанијата „Токио електрик пауер“ не се виновни за професионалната небрежност за време на несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година.

Тоа беше единственото кривично дело по нуклеарниот инцидент што расели десет илјади луѓе поради ширењето на зрачењето и загадувањето.

Поранешниот претседател на ТЕПКО, Катсумата (79) и двајцата поранешни директори на компанијата не се виновни за предизвикување смрт на 44 постари пациенти чие здравје било нарушено по присилната евакуација од локалната болница.

Тие беа обвинети дека не го предвиделе цунамито што ја погоди постројката по земјотресот, како и дека не преземале превентивни мерки што би можеле да ја заштитат постројката Фукушима.

Спонзорирано: