13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаг испрати нови покани за сослушување на припадници на ОВК

Обвинителите од Специјалниот суд во Хаг испратиле десетици покани за сослушување на поранешни борци на т.н. ОВК, но се уште нема информации кој од нив ги добил, потврди лидерот на ОВК, Хисни Гуцати, пренесува „Спутник“.

Во меѓувреме е потврдено дека од сослушување во Хаг се вратил лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен градоначалник на Клина, Сокољ Башота, пренесува приштинска „Газета експрес“.

Медиумите пренесуваат дека на Башота наводно му понудиле спогодба која би била поволна за него лично, но би му штетела на процесот кој се води против т.н. ОВК.

„Бев во Хаг, каде бев испрашуван во својство на осомничен и одговарав на прашања кои ми одеа во корист,“ изјави тој по враќањето на аеродромот во Приштина, пренесува „Коссев“.

Спонзорирано: