9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Дилер во хрватски затвор си нарача специјален душек за спиење

Дилер во затворот Реметинец во Загреб си нарачал специјален душек за спиење, откако имал проблеми да заспие. Осомничениот дека основал криминална организација која за помалку од три години заработила 84 милиони куни со трговија со дрога, како што пренедуваат медиумите, неможе никако да заспие во затворот.

Томислав Сабjи бил уапсен во јули во операцијата „Тебра“ и оттогаш се наоѓа во затворот Реметинец во Загреб. Како што дознаваат медиумите, за разлика од другите затвореници, тој спие на специјален душек, кој самиот си го платил. Неофицијално му било одобрено да користи и специјално масло, за да му ја олесни болката во грбот. За него се води особена грижа во затворот, затоа што Ускок се сомнева тој организирал да му се запали автомобилот на судскиот службеник, кој претходно додека бил во затвор не му дозволил да се сретне со неговиот син кој му дошол на посета.

Како што наведуваат медиумите, судскиот службеник не можеше да го дозволи тоа бидејќи детето не било на списокот на посети за тој ден.

Спонзорирано: