9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ураганот Умберто се засили и се доближува до Бермудите

Ураган Умберто се засили и прејде во трета категорија, па се очекува да ја задржи јачината и во следните неколку дена, соопшто американскиот Национален центар за урагани.

Умберто е лоциран на околу 655 км западно и југозападно од острвите Бермуди, а ветровите дуваат со брзина од 185 км/час. Се очекува ураганот да стигне до Бермудите вечерва или утре рано.

Тропската буда Имелда, пак, им се заканува на југоисточните делови на американската сојузна држава Тексас, како и на југозападна Луизијана во следните неколку дена. Се очекуваат обилни врнежи и поплави, но надлежните метеоролози во Хјустон наведуваат дека тоа се добри вести по сушното лето.

Спонзорирано: