4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Со глисер се забиле во карпи при обид да соборат рекорд

Три лица загинаа кога глисер удрил во вештачки гребен во венециска лагуна додека се обидувал да собори рекорд во брзо возење, соопштија италијанските пожарникари.

Екипажот, предводен од италијанскиот бизнисмен Фабио Буџи (76), светски шампион за возење глисери, се обидел да го собори брзинскиот рекорд на поводниот пат од Монако до Венеција
Италијанските медиуми пренесуваат дека трката траела веќе 18 часа и 32 минути кога се случила несреќата, при просечна брзина од околу 100 километри на час.

Буџи и уште двајца членови на екипажот, од кои едниот е Британец, загинаа, додека четвртиот преживеал затоа што паднал од глисерот.