11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Италијански војник избоден со нож во Милано, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Италијански војник бил прободен со нож во грлото од напаѓач, кој, како што се вели во извештаите, извикувал „Алаху акбар“ пред Централната станица во Милано, пренесува РТ.

Наводниот напад се случил околу 10:45 часот по локално време. Војникот бил погоден во вратот и рамото за време на бесмислениот напад, пишува „Молано тудеј“. Напаѓачот избегал од местото на настанот, но брзо бил уапсен од полицијата и во тој момент извикал „Алаху акбар“.

Во тек се истраги за да се утврди дали нападот е поврзан со тероризам.

Војникот бил однесен во блиската болница на итен третман, а неговата состојба се смета за животно незагрозувачка и покрај длабоката рана на вратот. Напаѓачот, наводно странски државјанин, бил вооружен со ножици и бил редовен посетител на станицата.

Спонзорирано: