4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција бара предвремена отплата на долгот кон ММФ

Грција побара предвремена отплата на дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Грчкиот министер за финансии, Христос Стајкурас, изјави дека тоа го побарал од европските доверители.

Стајкурас рекол дека предвремената отплата на заемот на ММФ ќе ги намали трошоците за сервисирање на долгот за околу 70 милиони евра.

Според него, просечната годишна каматна стапка на заемите од ММФ е 4,9 проценти и Грција во моментов може да позајмува поевтини на пазарите, бидејќи каматата на грчките десетгодишни обврзници е 1,6 проценти.
Грција му должи на ММФ околу девет милијарди евра по повеќекратни програми за помош.

Многу повеќе Атина им должи на европските доверители кои мораат да одобрат предвремена отплата.