7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност во тој период паднала на 3,3 отсто, покажуваат податоците на Државната агенција за статистика (ЦБС).

Вкупниот број слободни работни места пораснал на 284 илјади, а по првите шест месеци од оваа година бројот на невработени бил намален за 11 илјади, на 305 илјади.

Според податоците на ЦБС, сега има трипати повеќе слободни работни места отколку во 2013 година во екот на последната економска криза.

Најмногу слободни работни места има во ИТ-секторот, градежништвото и во угостителството.

Спонзорирано: