13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Арсовски: Ангеловска по нарачка на Заев ќе потпише ново задолжување од 61,7 милион евра

Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, во вторник ќе потпише ново задолжување по нарачка на Зоран Заев, овој пат во висина од најмалку 61,7 милион евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, додаде тој, Нина Ангеловска ќе ја преземе улогата на спроведувач на погубните економски политики на Заев, со кои државата забрзано се задолжува, а притоа нема никаков ефект врз стандардот на граѓаните, нема ефект врз економијата и стопанството, кои сè повеќе од ден на ден пропаѓаат.

„Оваа нова аукција на државни хартии од вредност во износ од најмалку 61,7 милион евра доаѓа во време кога реализацијата на капиталните инвестиции изнесува рекордно ниски 24,5 отсто заклучно со јули кога износот на странски директни инвестиции за 6 месеци е мизерни 48,7 милиони евра, кога бројот на вработени во индустријата драстично опаѓа и кога над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштијата, кога германските стопанственици нè оценуваат со нула. За што се трошат овие пари со кои секој месец Владата на Зоран Заев нè задолжува“, прашува Арсовски.

Тој рече дека јавниот долг надминал пет милијарди евра и дека драматично соборува рекорди, односно ја руши границата од над 50 отсто од БДП, а Владата не престанува да ги задолжува идните генерации без јасна стратегија и без јасен план што потоа.

„Парите од буџетот гледаме дека се трошат на партиски вработувања, на сомнителни и коруптивни јавни набавки, на лубриканти, цвеќиња, службени возила или мебел. Друг ефект од задолжувањето нема и не гледаме. Министерката Ангеловска и Заев треба да сфатат дека народните пари не се купони за попуст со кој може да купат еднодневен социјален мир или начин како да се искупат за криминалот во кој од ден на ден оваа Влада сè повеќе и повеќе навлегува“, рече Арсовски.

Спонзорирано: