10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ласовска: СДСМ и новинарите што ја поддржуваат политиката на Заев не запираат со говорот на омраза

Говорот на омраза и навредите од страна на функционери и новинари блиски до Зоран Заев и СДСМ не престануваат, изјави Благица Ласовска, претседател на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е повеќе од јасно, додаде таа, кога видовме дека ниту невладините организации ниту некој од функционерите на СДСМ се оградил од навредите на Златко Ориѓански, кој токму од Заев бил поставен да ја претставува македонската култура во Тирана.

„СДСМ и новинарите што ја поддржуваат политиката на Заев не запираат со мизогинија и говорот на омраза, па така Бранко Тричковски, полтронот на Заев, во денешниот фејсбук-статус со својот валкан политички речник ги вмешува децата на претседателот Христијан Мицкоски во политичка пресметка. Зоран Заев, Бранко Тричковски и СДСМ одамна се разминале со моралот и со етиката. Власта не избира средства, па навредува и деца и фамилии. Ова лудило од страна н аСДСМ мора да запре и сите заедно да го осудиме ваквото однесување“, рече Ласовска.

Спонзорирано: