14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран повторно заплени танкер во Персискиот Залив

Иранската револуционерна гарда заплени уште еден танкер во Персискиот Залив поради наводно шверцување 250.000 литри дизел-гориво во Обединетите Арапски Емирати, објави иранската полуофицијална студентска новинска агенција ИСНА.

„Тој беше задржан во близина на островот Голем Тунб во Персискиот Залив… екипажот им беше предаден на правните органи во провинцијата Хормозган“, наведува ИСНА, која не ја прецизира националноста на членовите на екипажот.

Сепак, „Индекс.хр“ наведува, повикувајќи се на агенцијата „Фарс“, дека на танкерот има 11 члена на екипажот и дека им припаѓа на Обединетите Арапски Емирати.

Спонзорирано: