6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес со средна јачина предизвика паника на Филипините

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди северниот дел од Филипините, предизвикувајќи паника во престолнината Манила.

Вработените ги напуштија канцелариите, гостите излегоа надвор од хотелите, а железничкиот сообраќај извесно време беше во прекин.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри североисточно од пристаништето Вурдеос во североисточната покраина Кезон, на длабочина од 10 километри, соопшти филипинскиот институт за сеизмологија и вулканологија.

Уште нема извештаи за евентуални повреди или материјална штета.

Спонзорирано: