3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Луксуз: Југословенски Хаваи – Тито во Купари ја дочекувал и Елизабет Тејлор (Видео)

Некогашното воено летувалиште Купари кај Дубровник го имало целиот луксуз каков што нуделе и најелитните светски хотели. (Фото: Wikipedia/Igor Trklja)

Купари било сметано за југословенски Хаваи, а тука можеле да престојуваат само лицата кои во семејството имале високопозиционирано воено лице.

Први овој преубав залив го откриле Чесите, кои тука изградиле хотел после Првата светска војна, пишува Хајденјуроп.

Хотелот „Гранд“ уште далечната 1924 имал електрично осветлување, куглана, тениско и фудбалско игралиште, пошта и амбуланта. Хотелите биле национализирани по Втората светска војна, но Јосип Броз Тито им ги вратил на Чесите по завршувањето на војната. Сепак, Купари засекогаш биле одземени 1947 година.

Процвет доживеале во време на бивша Југославија, кога ЈНА во уредување на летувалиштето вложила многу пари. Прво изграден хотел „Горчина“, па „Горчина 2“. Тука е и елегантниот хотел „Пелегрин“, кој кога бил отворен 1963 претставувал вистинско архитектонско ремек дело.

Бидејќи Купари било воено одморалиште, странците биле реткост, освен ако не биле многу уважени гости. Во Купари отседнале филмските ѕвезди Јул Бринер, Елизабет Тејлор и нејзиниот сопруг Ричард Бартон. А Тито во Купари имал своја луксузна вила во која често престојувал.

Вилата е сместена во најубавиот дел на комплексот, со поглед на отворено море. Вилата на Тито се простирала на 1.150 метри квадратни.

На првиот кат биле претседателскиот апартман, три соби и тоалет, додека во приземје биле сместени трпезарија и кујна.

Целиот луксузен комплекс во целост е уништен за време на војната и никогаш не е обновен.