Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Путин, Ердоган и Рохани повторно за Сирија в понеделник

Претседателите на Русија, Турција и Иран, Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани, в понеделник ќе одржат состанок во Анкара на кој ќе разговараат за ситуацијата во сирискиот регион Идлиб, изјави турскиот лидер на националната телевизија НТВ.

„Идлиб ќе биде во центарот на вниманието на трилатералниот самит во Анкара. Ние ќе разменуваме мислења за различни гледишта за решавање на ситуацијата и за борба против тероризмот“, рече Ердоган, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека рускиот претседател ќе учествува на состанокот на мировниот процес од Астана и во изнаоѓање решение за сириското прашање.