21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов закон во Тајланд ќе дозволува одгледување канабис

Една од партиите во владејачката коалиција на Тајланд поднесе предлог-закон со кој на жителите ќе им биде дозволено да одгледуваат одредена количина канабис дома, чекор што доаѓа една година откако земјата ја легализира дрогата за медицински цели.

Според сегашните закони на Тајланд, рекреативните корисници на канабис можат да добијат строги казни, вклучително и до 10 години затвор за поседување на дрогата.

Висок пратеник во партијата Бумџаитаи, трет по големина партнер во коалицијата и надлежен за Министерството за здравство, рече дека предлог-законот ќе овозможи најмногу шест растенија марихуана по домаќинство. Канабисот сè уште се смета за дрога според тајландскиот закон.

Со законот, исто така, ќе се дозволи продажба на растенија на лиценцирани институции под надзор на институт создаден за таа цел, рече Супачаи. Тој рече дека законот би можел да биде изгласан за 6 месеци по ноември кога парламентот повторно ќе се отвори ако има доволно поддршка од владата.

Спонзорирано: