11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 11 верници загинаа при превртување на чамец во Индија

Најмалку 11 хинду верници се удавиле кога нивниот чамец се превртел утрово за време на верска прослава на езерото во централна Индија, соопшти полицијата.

Полицискиот службеник Акил Пател изјави дека пет лица се спасени од езерото во Бопал, главниот град на Мадија Прадеш.

Чамецот, наводно, се превртел додека верниците го потопувале својот идол, хинду богот Ганеш во езерото, рече Пател, додавајќи дека од езерото биле извлечени 11 тела.

Хиндусите го слават роденденот на богот Ганеш, кој е симбол на мудрост, просперитет и среќа.

Спонзорирано: