11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во БиХ тужба против возач кој преместил мигранти во задниот дел на автобусот

Компанија со седиште во Тузла најави дека ќе поведе дисциплинска постапка против возач на автобус кој преместил мигранти на задните седишта во автобусот за да не се мешаат со другите патници.

Според податоците на компанијата „Транстурист“, инцидентот се случил на 10 септември, на линијата Сараево – Тузла, а возачот ја образложил својата одлука велејќи дека не сакал мигрантите да се мешаат со останатите патници, пренесува „Танјуг“.

„Професорка која работи осум часа дневно треба да влезе во автобусот и дали треба да седне со нив“, одговорил возачот на дополнителните прашања од патниците.

Компанијата најави дисциплинска постапка и казна за возачот.

Спонзорирано: