7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија: Претрес на 150 куќи и канцеларии на поддржувачи на опозицијата

Руските безбедносни служби во четвртокот извршија најмалку 150 претреси на куќи и канцеларии кои им припаѓаат на приврзаниците на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, напиша на социјалните медиуми неговиот соработник Леонид Волков.

Претресите се случија четири дена откако владејачката партија „Обединета Русија“, која го поддржува претседателот Владимир Путин, изгуби третина од своите места во градското собрание во Москва и претрпе неуспеси на други места, но сепак ја задржува својата доминантна позиција во Русија.

Навални ги повика своите приврзаници да гласаат тактички за да се обидат да ги намалат шансите на кандидатите поддржани од Кремљ низ целата земја, а стратегијата се чини дека имаше успех.

„Вкупниот број претреси е над 150, а дури 1.000 руски полицајци беа вклучени во рациите“, напиша Волков.

Спонзорирано: