Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Боки13 повторно пренесен на Клиника

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13 утринава повторно бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, дознава Курир.

Според нашите информации на Јовановски му биле извршени испитување и снимања на абдоменот, по што бил вратен во затворот Шутка.

Јовановски во Клиника беше и на 5-ти месецов поради болки во стомакот. Тогаш директорот на Торако-васкуларната клиника, Неџати Јакупи, изјави дека здравствените проблеми на Боки 13 се резултат на претходни хируршки зафати.

Освен Јовановски, за Рекет во затвор се и бизнисменот Зоки Кичеец и Катоца Јанева.

Во тренд