11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: „Рекет” води кај Мицкоски

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција одговори на обвинувањата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, дека немало договор на лидерската зошто тој се плашел од рекет и бил нервозен за случајот.

– „Секој пат стојам принципиелно зад системи и создадени вредности, секој пат стојам. Не е важен ниту еден поединец, Вилма Рускоска води сериозни предмети. Немојте да дозволите зошто му паднало на памет на Заев и Мицкоски да се смени обвинителот, не можете да испратите порака дека Заев или Мицкоски се плашат, не истрагата треба да тера до крај”, рече Заев на новинарско прашање.

Вели ако опозицијата сака да предложи обвинител тоа е во ред, на крајот зборот го има Собранието.

– „Предметот Рекет води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се”, вели Заев.

За потсетување, средбата која траеше 7 часа заврши без договор.

Спонзорирано: