12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Песков: Не знам зошто Трамп го отпушти Болтон но не ми е жал

Смената на американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон е внатрешна работа на САД и Русија не се меша во тоа, изјави портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков.

Но, претседателот на Одборот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федеерација, Константин Косачов, оцени дека заминувањето на Болтон би можел да ги зголеми шансите за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (СТАРТ) .

„Надежта дека новиот СТАРТ ќе биде продолжен жив додека е на сила, односно до февруари 2021 година и по заминувањето на Болтон големи се шансите договорот да биде постигнат на време и дури да биде унапреден“ рекол Косачов.

Тој додал дека Болтон упорно се противел на договорот во областа на стратешката стабилност и контрола на вооружувањето, мислејќи дека тие премногу ги ограничуваат САД во демонстрирањето супериорност.

Спонзорирано: